Оддел за Активно Стареење

ОДДЕЛ ЗА АКТИВНО СТАРЕЕЊЕ е на три нивоа, со капацитет од 32 корисници. Во овој оддел се сместени свесни корисници, независно од подвижноста. Сместувањето е во двокреветни соби, опремени со ТВ приемник, кревет, гардеробер и СОС аларм.
Дневниот престој е организиран во голем салон во склоп на кој се трпезаријата и чајната кујна. Во овој дел од објектот е сместена кујна, магацин, перална, морга, соба за медицинските сестри.
Главниот акцент на работа во овој оддел е даден на богато осмислен социјален живот, со активности кои на нашите корисници ќе им го исполнат и разубават животот и ќе им овозможат активно стареење.
Резиденција Дабески е комплетно опремена со медицинска опрема и ортопедски помагала во согласност со потребите на корисниците.