Социјални активности

Социјалните активности во ,,Резиденција Дабески’’ најчесто се изведуваат во група и нивната примена отвара нова перспектива во разбирањето на староста, тешкотиите и проблемите кои ги носи процесот на стареење и можностите за нивно надминување. Примената на социјалните активности доведува до когнитивни, емоционални и интерперсонални промени, кои овозможуваат воспоставување на реален однос на корисниците кон проблемите кои се поврзани со процесот на адаптација во Установата. Преку учество во социјалните активности, на корисниците им се овозможува да ги вербализираат своите незадоволства, да ги споделат своите лични мислења, согледувања и проблеми, а со единствена цел – да добијат психо-социјална поддршка и да изнајдат начин за надминување на настанатите лични конфликти и проблеми.

Социјалните активности се применуваат секојдневно со цел исполнување на слободното време на корисниците и во ситуaциите кога има нагласени социотерапевтски елемeнти, најчесто во случаи кога старите лица имаат проблем со адаптација на групното живеење, кога имаат дисфункционални односи со членовите на семејствoто, или кога се чувствуваат премногу осамени и изолирани. Голем дел од старите лица, поголемиот дел од животот го поминале осамени, без поддршка од примарното семејство. Групното живеење како нов начин на живот неможе секогаш да створи чувство на припадност, па некои корисници остануваат осамени и повлечени. Во такви случаи, работата со корисниците е сведена на индивидуално ниво.

Изборот на социјалните активности секогаш го првиме во согласност со потребите, интересот и мотивацијата на корисниците: креативни работилници, готвење, музички активности, групни прошетки и излети, посета на културни настани, одбележување на верски празници и родендени, разговори на најразлични теми, друштвени игри се само дел од активностите со кои корисниците на ,,Резиденција Дабески’’ го исполнуваат своето слободно време притоа исполнувајќи ја нашата главната цел- КВАЛИТЕТНО И АКТИВНО СТАРЕЕЊЕ!