Физикална терапија

Физикалната терапија е во согласност со индивидуалните потреби на корисниците, а се состои од активни и пасивни вежби, масажи, обука за користење на ортопедски помагала, раздвижување. Нудиме рехабилитација и третмани за корисници со кардиолошки заболувања, ортопедски проблеми (фрактури, луксации, мускулни спазми, превенција од контрактури),постоперативна рехабилитација, кинезитерапија кај корисници со мозочни удари (параплегии, хемиплегии, квадриплегии, парези и сл. ), вежби за општ тонус на мускулатура и циркулација, засилување на мускулатурата и други третмани во согласост со потребите на корисниците.