На корисниците им се обезбедува целосна медицинска нега од страна на стручни медицински сестри/техничари која вклучува континуирано следење на здравствената состојба на корисниците, делење на медикаментозна терапија, аплицирање на венска и инсулинска терапија по препорака на специјалист, мерење на крвен притисок и гликоза.
- Посета од доктор по општа медицина еднаш во неделата, достапен 24 часа за консултација.
- Транспорт и прегледи во Иституциите на системот на јавно здравство.
- Контрола на крвна слика, урина, тромбоза во соработка со лаборатории со кои е склучен договор за деловна соработка.
- Соработка со доктори специјалисти, психолог, логопед, и сл. кои доаѓаат на повик во зависност од потребите на пациентите.
- Установата исто така обезбедува услуга за набавка на лекови, пелени за возрасни и ортопедски помагала.