Дабески Лукс’’ е центар со холистички пристап за живеење и грижа на возрасни лица, чија основна дејност е сместување на возрасни лица, нудејќи им сеопфатна нега и соодветни услови за живот.
За Активни Корисници
ОДДЕЛ ЗА АКТИВНО СТАРЕЕЊЕ е на четири нивоа, со капацитет од 35 корисници. Во овој оддел се сместени свесни корисници, независно од подвижноста. Сместувањето е во еднокреветни, двокреветни, трокреветни соби и апартмани опремени со ТВ приемник, кревет, гардеробер и СОС аларм. Дневниот престој е организиран во голем салон во склоп на кој се трпезаријата. Главниот акцент на работа во овој оддел е даден на богато осмислен социјален живот, со активности кои на нашите корисници ќе им го исполнат и разубават животот и ќе им овозможат активно стареење. Резиденција Дабески е комплетно опремена со медицинска опрема и ортопедски помагала во согласност со потребите на корисниците.