Медицинска нега

На корисниците им се обезбедува целосна медицинска нега од страна на стручни медицински сестри/техничари која вклучува континуирано следење на здравствената состојба, делење на медикаментозна терапија, аплицирање на венска и инсулинска терапија по препорака на специјалист, мерење на крвен притисок и гликоза. Посета од доктор по општа медицина по потреба.
Транспорт и прегледи во Иституциите на системот на јавно здравство.
Контрола на крвна слика, урина, тромбоза во соработка со лаборатории со кои е склучен договор за деловна соработка.
Соработка со доктори специјалисти, психолог, логопед, и сл. кои доаѓаат на повик во зависност од потребите на пациентите.

Исхрана

Оброците се подготвуваат секојдневно, при што се усогласуваат со нивната старосна и здравствена состојба, врз основа на претходна медицинска консултација. Храната се подготвува во согласност со НАССР стандардот за квалитет на храна. Исхраната на дневно ниво се состои од три главни оброка на растојание од 5 часа и две ужинки помеѓу оброците.

Физикална терапија

Физикална и електро терапија
Физикалната и електро терапијата е во согласност со индивидуалните потреби на корисниците, а се состои од активни, пасивни и активно-потпомогнати вежби, обука за користење на ортопедски помагала, раздвижување. Нудиме рехабилитација и третмани за корисници со кардиолошки заболувања, ортопедски проблеми (фрактури, луксации, мускулни спазми, превенција од контрактури),постоперативна рехабилитација, кинезитерапија кај корисници со мозочни удари (параплегии, хемиплегии, квадриплегии, парези и сл. ),вежби за општ тонус на мускулатура и циркулација, зајакнување на мускулатурата и други третмани во согласост со потребите на корисниците.

Корисници со деменција

ОДДЕЛ ЗА ДЕМЕНЦИЈА И ТЕШКО БОЛНИ КОРИСНИЦИ е на едно ниво, со капацитет од 17 корисници. Сместувањето е во двокреветни и трокреветни соби, опремени со ТВ приемник, медицински или стандардни кревети, гардеробер и СОС аларм. Дневниот престој е организиран во голем салон во склоп на кој се трпезаријата и чајната кујна. Концептот на работа со корисниците кои се сместени во овој оддел е специфичен, адаптиран на нивните можности, а најголем акцент е ставен на работната терапија.

Социјални активности

Социјалните активности најчесто се изведуваат во група и нивната примена отвара нова перспектива во разбирањето на староста, овозможувајќи им  да добијат психо-социјална поддршка и да изнајдат начин за надминување на настанатите лични конфликти и проблеми. Социјалните активности се применуваат секојдневно. Изборот секогаш го првиме во согласност со потребите, интересот и мотивацијата на корисниците: креативни работилници, готвење, музички активности, групни прошетки и излети, посета на културни настани, одбележување на верски празници и родендени, разговори на најразлични теми, друштвени игри со цел да го исполнуваат своето слободно време притоа исполнувајќи ја и нашата главната цел- КВАЛИТЕТНО И АКТИВНО СТАРЕЕЊЕ!

Дневен престој во Дабески Лукс

Сместување на дневна основа, временски период во часови по желба и потреба на корисникот.

Дневниот престој подразбира дневна посета од страна на корисникот без ограничување за часовите на престој. Во тек на дневната посета корисникот ги добива сите услуги кои ги нуди установата:

Mедицинска нега

Физикална терапија

Оброци

Лична хигена

Социјални активности