ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА
Нашиот пристап кон физикалното здравје е длабоко индивидуализиран, со примарна цел – враќање на мобилноста, ублажување на болката, контрактурите, спазмите и згрчувањето.
Подобрување на мускулниот тонус, јакнење на мускулатурата, олеснување и адаптација при недостатоци поврзани со повреди на телото мозокот или други типови на инвалидност.
Преку примена на современи методи на физикална и електротерапија, обезбедуваме стручна грижа приспособена на специфичните потреби на секој поединец.
- Сеопфатна кинезитерапија: Спроведуваме прецизно планирани активни, пасивни и активно-потпомогнати вежби за зголемување на силата и флексибилноста и едукација за превенција од паѓање , секако и фини моторни вежби како и одржување на мускулниот тонус и подобрување на циркулацијата.
- Специјализирана невролошка и ортопедска рехабилитација: Нудиме стручни третмани за корисници со прележан мозочен удар (парези, хемиплегии, параплегии ,квадрипарези, хемипареза ), како и постоперативно закрепнување кај ортопедски состојби (фрактури, луксации , ендопротези , состојби каде е наместен остеосинтетски материјали и превенција од контрактури).
- Кардиолошка и васкуларна поддршка: Специфични вежби и третмани наменети за корисници со кардиолошки заболувања, фокусирани на зајакнување на мускулатурата и стабилност на кардиоваскуларниот систем како и аеробни вежби .
- Респираторна рехабилитација : Има за цел да ја зголеми респираторната издржливост и респираторните капацитети . Физиотерапевтот приготвува програма која вклучува тренинг со вежби за дишење (ова е централен дел од рехабилитацијата дизајниран да ја подобри толеранцијата на напор и да го намали чувството на недостаток на воздух или диспнеа ). Вежби за дишење за длабоко вдушување и контролирано искашлување . Техники за прочистување на дишните патишта како што е методот на постурална дренажа , секако тука е и општа физикална терапија.
Обука и функционална адаптација: Професионален вовед при користење на ортопедски помагала и процеси на раздвижување, со цел постигнување максимална самостојност и сигурност во секојдневното движење.
