Сместување во Резиденција Дабески
Сместувањето во Резиденција Дабески е организирано со јасна и внимателно осмислена процедура, со цел да обезбедиме сигурност, удобност и соодветна грижа за секој корисник.
Процесот започнува со посета од страна на семејството во нашиот објект. При посетата, имате можност да ја разгледате резиденцијата, условите за престој и да се запознаете со нашиот тим. По разгледувањето, заедно одлучуваме за соодветен термин за сместување.
При оваа фаза, потребно е да се достави медицинска документација и лекарски извештаи. Ова ни овозможува да направиме проценка на здравствената состојба на корисникот и да утврдиме дали можеме да обезбедиме соодветна грижа.
Доколку сè е во ред, се договара точен датум за прием. На самиот ден на сместување, потребно е да се донесат:
- комплетната медицинска документација
- лични документи од корисникот
- лични документи од лицето кое ќе биде потписник на договорот
Истовремено, се врши уплата за едномесечен престој при самиот прием.
Услови за престој
Резиденција Дабески располага со пријатни и функционално уредени простории. Собите се двокреветни и опремени со:
- телевизор со кабелска телевизија
- интернет конекција
- систем за греење и ладење
Тоалетите се заеднички, со вкупно 4 купатила на секој спрат. Објектот е на два спрата, со добро организиран простор за секојдневен живот.
Оддели и капацитет
Резиденцијата е поделена на два дела, со цел да обезбеди соодветна грижа според потребите на корисниците:
- Активен дел – распослан на два спрата, со капацитет за до 32 корисници
- Дементен оддел – со капацитет до 14 лица, кој располага со еднокреветни и двокреветни соби и 4 заеднички купатила
Нашата цел е да обезбедиме безбедна, топла и професионална средина, каде секој корисник ќе добие внимание, грижа и достоинствен престој.
Доколку имате дополнителни прашања или сакате да закажете посета, нашиот тим ви стои на располагање.
Сместување во Дабески Лукс
Сместувањето во Дабески Лукс е организирано со цел да обезбедиме сигурност, удобност и соодветна грижа за нашите корисници.
Процесот започнува со посета од страна на семејството во нашиот објект. При посетата, имате можност да ја разгледате резиденцијата, условите за престој и да се запознаете со нашиот тим. По разгледувањето, заедно одлучуваме за соодветен термин за сместување.
При оваа фаза, потребно е да се достави медицинска документација и лекарски извештаи. Ова ни овозможува да направиме проценка на здравствената состојба на корисникот и да утврдиме дали можеме да обезбедиме соодветна грижа.
Доколку сè е во ред, се договара точен датум за прием. На самиот ден на сместување, потребно е да се донесат:
- комплетната медицинска документација
- лични документи од корисникот
- лични документи од лицето кое ќе биде потписник на договорот
Истовремено, се врши уплата за едномесечен престој при самиот прием.
Услови за престој
Дабески Лукс располага со пријатни и функционално уредени простории. Собите се опремени со:
- телевизор со кабелска телевизија
- интернет конекција
- систем за греење и ладење
Собите се: еднокреветни, двокреветни и трокреветни.
Тоалетите се посебни и заеднички, поголемите еднокреветни соби имат сопствено купатило-тоалет, за разлика од другите соби каде што тоалетите се заеднички. Објектот е на четири спрата, со добро организиран простор за секојдневен живот.