“Резиденција Дабески’’ е центар со холистички пристап за живеење и грижа на возрасни лица, чија основна дејност е сместување на возрасни лица, нудејќи им сеопфатна нега и соодветни услови за живот, основана во ноември, 2014 година.

За Активни Корисници

ОДДЕЛ ЗА АКТИВНО СТАРЕЕЊЕ е на три нивоа, со капацитет од 32 корисници. Во овој оддел се сместени свесни корисници, независно од подвижноста. Сместувањето е во двокреветни соби, опремени со ТВ приемник, кревет, гардеробер и СОС аларм. Дневниот престој е организиран во голем салон во склоп на кој се трпезаријата и чајната кујна. Во овој дел од објектот е сместена кујна, магацин, перална, морга, соба за медицинските сестри. Главниот акцент на работа во овој оддел е даден на богато осмислен социјален живот, со активности кои на нашите корисници ќе им го исполнат и разубават животот и ќе им овозможат активно стареење. Резиденција Дабески е комплетно опремена со медицинска опрема и ортопедски помагала во согласност со потребите на корисниците.

За Корисници со Деменција

ОДДЕЛ ЗА ДЕМЕНЦИЈА И ТЕШКО БОЛНИ КОРИСНИЦИ е на едно ниво, со капацитет од 17 корисници. Сместувањето е во двокреветни и трокреветни соби, опремени со ТВ приемник, медицински или стандардни кревети, гардеробер и СОС аларм. Дневниот престој е организиран во голем салон во склоп на кој се трпезаријата и чајната кујна. Концептот на работа со корисниците кои се сместени во овој оддел е специфичен, адаптиран на нивните можности, а најголем акцент е ставен на работната терапија.